Хаос во тунелот по мечот во Мадрид: Фрлање шишиња и плукање по гостите од Манчестер (Видео)

Манчестер сити се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите откако успеа да одигра 0:0 на гостувањето во Мадрид против Атлетико и благодарение на победата од 1:0 во првиот меч, англискиот тим се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Во финишот на мечот беше многу тензично, Фелипе доби црвен картон, а беа доделени и шест жолти картони во судиското надополнување. По завршување на средбата, тензијата се зголеми, па додека влегуваа кон соблекувалните, се случи инцидент.

Стефан Савиќ повторно беше во кавга со играчите на Манчестер, а потоа се вклучи и Шиме Врсаљко, кој дури и плукаше кон членовите на Граѓаните, а „летна“ и едно шише. Целиот овој хаос мораше да го спречи полицијата, која, за среќа, не дозволи поголем инцидент.

https://twitter.com/i/status/1514353988199755777

- Оглас -

Најнови вести