Турскиот фудбал повторно е во центарот на вниманието поради голем скандал. Вчера тимот на Адана Демирспор се повлече од терен поради незадоволство од судењето на мечот со првакот Галатасарај, а некои од останатите клубови, особено Фенербахче, едвај чекаа за да го нападнат најлутиот ривал.
Претседателот на Адана Демирспор, Бедирхан Дурак, си поднесе оставка.
„Работев дење и ноќе за достоинствено да ги извршувам должностите како претседател, жртвувајќи го мојот џеб, времето и здравјето. Ги игнорирав деструктивните и досадни пораки на социјалните мрежи за доброто на мојот клуб. Ме растажува кога гледам дека дојдовме до точка каде што нема излез. Ја напуштам функцијата заради клубот, семејството, блиските и моето здравје“, напиша Дурак на социјалните мрежи.
Од Фенербахче испратија соопштение со „честитка“ до Галатасарај за уништување на турскиот фудбал.
„Благодарение на вас, не остана ниту доверба, ниту правда! Честитки, што му направивте на турскиот фудбал?“, порачаа од Фенер меѓу другото.
Дојде и одговор од Галатасарај, нивниот потпретседател Метин Озтурк рече дека во Фенер не знаат што прават и дека се мизерни и беспомошни и дека не би се случувало ова ако избереле подобро раководство, а не вакво какво што имаат.
Тука не е крајот, кога играчите на Адана во договор со стручниот штаб одлучија да го напуштат теренот и да си заминат, тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, беше снимен како се однесува некоректно кон нив. Бурук им вели: „Сиктер, гит“. Превод не е потребен, знаеме што значи тоа, бидејќи овие турцизми се користат и кај нас.
💥💥 S K A N D A L!
Galatasaray teknik direktörü Okan Buruk soyunma odasına giden Adana Demirspor’lu oyuncuya “S1ktir Git” dedi!#GSvADS pic.twitter.com/VBJMon1jqz
— Fener Shadow (@fbshdow) February 9, 2025