Австриското дерби меѓу Рапид Виена и Австрија Виена заврши со скандалозна пресметка на навивачите на теренот. Домаќинот победи со 2-1, но ова големо дерби ќе остане запаметено по големите навивачки немири кои се случија по завршување на мечот.
Неколку лица се повредени, а првичните извештаи велат дека најмалку едно лице е во тешка состојба и било однесено со брза помош.
Гостинските навивачи на Австрија почнаа да фрлаат пиротехнички средства на теренот, а потоа одговорија и навивачите на Рапид.
Конфликтот потоа прерасна во масовна тепачка меѓу двете навивачки групи, а полицијата мораше да ги растера со солзавец.
Böller in den Familiensektor schießen und eine riesen Rauferei provozieren. Austria Wien heute eine einzige Schande. pic.twitter.com/tYzPfn5zN4
— Florian Klenk (@florianklenk) September 22, 2024