Хаос во Загреб, навивачите на Динамо и Легија се тепаа со палки, летаа камења, факли… (Видео)

Динамо Загреб вечерва ја пречекува Легија Варшава во квалификациите за Лигата на шампионите, а синоќа се случи жестока увертира низ улиците на Загреб, со масовна тепачка на околу 200 фанови на двата клуба. Полските навивачи беа нападнати од домашните, а иако снимките од инцидентите делуваат страшно, според полицијата, немало пријавени повредени навивачи.

https://twitter.com/i/status/1422664074819784704

При тепачката се користеа столици од кафулиња, палки, се фрлаа и камења, се палеа и се фрлаа факли, навистина квартот каде штосе случија инцидентите, личеше на воена зона. Не е објавен ниту бројот на уапсени лица.

- Оглас -

Најнови вести