Хаосот во Баерн продолжува, младата ѕвезда не сака нов договор и цел му е да си замине од Минхен

Навивачите на Баерн Минхен изминатите неколку недели доживеаја неколку големи разочарувања, а викендов добија нов удар и тоа од најдобриот млад играч, Џамал Мусијала.

Имено, медиумите пишуваат дека Мусијала им порачал на челниците на Баерн Минхен дека не сака нов договор и дека цел му е ја напушти „Алијанц арена“.

Следна дестинација на 21-годишниот фудбалер најверојатно ќе биде Премиер лигата каде сите најголеми екипи се заинтересирани за неговите услуги.

Оваа вест е последна од неколкуте непријатни кои предизвикаа хаос во клубот.

Слабите резултати во последно време речиси уште сега го отпишаа Баерн од трката за титулата во Бундеслигата и постои голема можност тимот сезоната да ја заврши без ниту еден освоен трофеј.

Во Лигата на шампионите, в вторник на „Алијанц арена“, Баерн ќе брка негатива од 0:1 од првиот осминафинален меч против Лацио.

Тренерот Томас Тухел на крајот од сезоната ќе си замине, а еден од најдобрите играчи, Алфонсо Дејвис и порача на управата дека нема шанси да потпише нов договор и дека ќе се пресели во Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести