Хаотични квалификации, Ред Бул е губитникот, трката во Баку ќе биде драматична

Шарл Леклер од Ферари ќе стартува од пол-позицијата на утрешната Формула 1 трка низ улиците на азербејџанскиот главен град Баку, откако попладнево извозе најбрз круг во хаотичните квалификации полни со судири со заштитните огради, а имаше и прекини. За Леклер, ова е деветта пол-позиција во кариерата.

Иако беа во прв ред на фаворити за пол-позицијата, пилотите на Ред Бул останаа зад Леклер и зад шампионот Луис Хамилтон кој е презадоволен од второто место, бидејќи Мерцедес не покажуваше врвни резултати на патеката. Макс Ферстапен од Ред Бул ќе стартува како трети, а четврти е Пјер Гасли од Алфа Таури.

- Оглас -

Најнови вести