Во пресрет на најголемите возбудувања на Мундијалот во Катар, започна традиционалниот Дубаи Супер куп, на кој оваа година учествуваат Милан, Олимпик Лион, Арсенал и Ливерпул.
Правилата на овој куп се такви дека мора да се одиграат две кола и тоа Арсенал против Лион и против Милан, но не и дуел против Ливерпул, додека Милан освен мечот со Арсенал, ќе игра и против Ливерпул, но нема да играсо Лион.
По двете одиграни кола треба да биде познат победникот, а денеска Арсенал без многу мака со 3:0 го победи Лион. Габриел, Нкетија и Виеира беа стрелци на головите за победа на Топчиите, но тоа не значеше и крај на мечот.
Според правилата на овој куп, по завршување на регуларниот дел, мора да се шутираат пенали, без разлика дали е нерешено или има победник. По пеналите се добива уште еден плус поен за екипата која што ќе победи. Топчиите и во пенал рулетот беа поуспешни и тоа со 2:1, а херој беше голманот на англискиот тим, Карл Хејн кој одбрани четири од петте пенали на Лион.
Arsenal goalkeeper Karl Hein made an incredible four penalty saves from five in the penalty shootout against Lyon to give his side the win & gain an extra point in the Dubai Super Cup. 👏 #afc pic.twitter.com/FDPVPZCzyx
— afcstuff (@afcstuff) December 8, 2022