Дуелот меѓу Дечиќ и Будуќност Подгорица го одбележа 29 коло во фудбалското првенство на Црна Гора. Ова беше пресметка на првопласираните два тима, кои се борат за титулата во шампионатот, а по денешните 1:1, Дечиќ остана лидер со 54 бодови, додека Будуќност е втор со три бода помалку. Сутјеска која е трета со 49 истотака е во трка за трофејот.
Дечиќ одлично го отвори дербито и со голот на Матиќ во 10 минута поведе со 1:0. Тоа дополнително ги разгневи гостинските навивачи кои од почетокот на мечот фрлаа фалеки, петарди и други пиротехнички средства на теренот. Судијата реши дека мечот нема да продолжи додека гостинските навивачи не ја напуштат трибината, а тоа се случи дури по 55 минути непредвидлива пауза.
Prekinut derbi Dečić – Budućnost pri rezultatu 1:0 zbog baklji koje su ubacali Varvari. Delegat uprkos molbama oba kapitena poslao igrače u svlačionicu. Varvari su i dalje na tribini, a delegat je jasno stavio do znanja da se meč neće igrati dok navijači ne budu napustili stadion pic.twitter.com/Ak8Pu3DF1C
— CGsport.me (@cgsportme) April 9, 2024
Во второто полувреме Деспотовиќ погоди за Будуќност во 64 минута за 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.