Хаотично претпладне во Мадрид, Марсело е во главна улога

Искусниот бек Марсело ќе биде дел од тимот на Реал Мадри за дуелот против Челзи на „Стемфорд бриџ“. По неколкудневна драма, денеска стана јасно дека Бразилецот ќе биде во авионот за пат кон Лондон.

Марсело ја носеше капитенската лента на првиот меч против Челзи, но потоа стигнаа лоши вести за Кралевите. По случаен избор Марсело беше избран да биде во избирачки одбор за време на локалните избори за собранието на Мадрид кои се одржуваат денеска.

Тоа значеше дека Марсело денеска требаше цел ден на биде на гласачкото место во Мадрид, што значи дека не требаше да патува во Лондон. Сепак, утрово пред гласачкото место се појавил човек кој доброволно се пријавил да го замени Марсело и да му овозможи на Бразилецот да отпатува за дуелот против Челзи.

Доколку Марсело утрово не се појавеше на гласачкото место, му се закануваше затворска казна од три месеци до една година. На крајот сè заврши добро за Марсело и Реал. Фудбалерот нема да добие никаква казна, а сепак ќе може да игра утре против Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести