Шампионот на Романија, ФЦСБ, како голем фаворит влезе во двомечот против Шкендија, но од Скопје си заминаа со пораз од 1-0. Тетовци одиграа одличен меч и може да жалат што победија со само еден гол разлика, но тоа не ги спречува Романците да бидат оптимисти пред реваншот и да најават дека ќе победат и ќе минат во третото квалификациско коло.
„Најважно е што се враќаме на Националната Арена. Тоа е стадион на кој секогаш играме добро и се чувствуваме како дома. Мораме да го контролираме поседот и да играме со висок интензитет. Со поддршка од нашите навивачи, сигурен сум дека ќе бидеме подобри. Имаме доволно квалитет да го завршиме овој дуел пред да дојде до пенали. Играчите мора да играат и за себе, но и за навивачите.“ – вели тренерот на ФЦСБ, Елијас Хараламбус.