Харден, Џорџ и Лилард плус, зицерот е Филаделфија

Џејмс Харден (Хјустон рокетс – Јута џез, 01ч)

Ракетите наместо да нанижат пет победи, на нивната серија ѝ дојде крајот по гостувањето во Феникс каде загубија со убедливи 127:91. Харден реализира 32 поени, меѓутоа ни од далеку не беа доволни во отсуство на Вестбрук. Експериментот Брадата повремено да игра на позицијата пет не помина како што се очекуваше, па сега ќе се види како ќе се снајде во таа улога од втор обид против Џезерите.

Иако Харден нема постигнато повеќе од 32 поени во последните неколку натпревари против Јута, колку што му е границата за овој меч, ќе бидеме оптимисти и ќе типуваме плус за првата ѕвезда на Хјустон.

Предлог тип: Харден >32,5 поени (1.87)

 

Пол Џорџ (Кливленд кавалирс – ЛА клиперс, 01:30ч)

Џорџ е во длабок минус пет меча по ред, а Клиперс многу често зависи од неговите поени исто колку и од Ленард. Иако составот на Док Риверс ќе се соочи со една од најслабите екипи во лигата оваа сезона, Џорџ треба да одигра на високо ниво со цел Клиперси да си ја вратат втората позиција на Западот.

Со оглед на тоа дека Кливленд е во серија од пет порази и има само една победа во последните 10 меча, Џорџ не би требало да има проблеми да постигне 27 или повеќе поени.

Предлог тип: Џорџ >26,5 поени (1.87)

 

Демиен Лилард (Портланд трејлблејзерс – Мајами хит, 03ч)

Портланд ќе мора што побрзо да го заборави контроверзниот пораз од Јута во кој Лилард блескаше со 42 поени, но во финишот буквално му беше одземен триумфот. Мајами е одличен противник да се врати победничкиот ритам на Блејзерси, особено што Жешките загубија на последните две гостувања, а за овој меч нема да сметаат на Џими Батлер.

Затоа Лилард ќе може да царува на паркетот како што правеше во изминатиов период, и воедно да запише висок учинок на поени.

Предлог тип: Лилард >32,5 поени (1.87)

 

Филаделфија севентисиксерс – Чикаго булс (00ч)

Иако Сиксерси наредија четири гостински порази, по враќањето од екскурзијата им се вратија на победите. Домашниот терен го чуваат најдобро од сите во Источната конференција, а нема ништо поразлично да биде против десеткуваните Бикови. Чикаго во сите четири порази кои ги претрпе од 30 јануари па наваму во просек прими по 120 поени, па ако одбраната повторно им биде разнишана, многу лесно ќе го претрпат и 19 гостински пораз сезонава.

Во полза на домаќините е и билансот во последните седум меѓусебни дуели, од кои дури шест припаднаа на Филаделфија.

Предлог тип: 1 хен. -6,5 поени (2.10)

 

Вашингтон визардс – Мемфис гризлис (00ч)

Мемфис не се откажува од местото кое ги носи во разигрувањата, до крајот на регуларниот дел ќе водат битка со Портланд за осмото место на Западот. Вашингтон иако е веднаш зад екипите кои засега се гледаат во плејофот, ќе треба што почесто да прикажува вонсериска игра за да ги стигне Бруклин и Орландо на Истокот.

Двете екипи во овој меч влегуваат со идентична форма (3-2) во последните пет меча, а ако се земат во предвид минатите меѓусебни дуели, обично домашната екипа се радува на триумф. Мемфис речиси шест години нема запишано победа на гостувањата во Вашингтон.

Предлог тип: Т1&Т2 >115,5 поени (2.05)

- Оглас -

Најнови вести