Харден донесе одлука, нема повеќе да игра заедно со Ембид

Олстар бекот Џејмс Харден нема да го носи дресот на Филаделфија сиксерс следната сезона.

Тој одлучи да побара да биде разменет во друг тим и притоа ќе ја искористи можноста да инкасира 35,6 милиони долари, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Ова значи дека се распаѓа тандемот Харден – Џоел Ембид, откако Филаделфија не успеа да дојде до големото НБА-финале. Филаделфија беше елиминирана од Бостон селтикс со 4-3 во победи во полуфиналето на Источната конференција.

Според Војнаровски, најзаинтересирани за Харден се Њујорк никс и ЛА Клиперс, а предност има тимот од Лос Анџелес.

Харден во Филаделфија пристигна во 2022 година во размена во која Бен Симонс се пресели во Бруклин нетс. Популарната Брада, по доаѓањето на

- Оглас -

Најнови вести