-0.2 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Харден го сруши рекордот на Лери Бирд, Стеф Кари даде 49 поени и се израмни со Мајкл Џордан (Видео)

Стеф Кари одигра уште еден неверојатен натпревар, предводејќи го својот Голден Стејт вориорс до победа на гости кај Сан Антонио од 109:108. Кари едноставно беше незадржлив и на крајот застана на 49 поени, па едноставно речиси сам го победи Сан Антонио. Џими Батлер беше единствениот друг играч на Голден Стејт со двоцифрен број поени во оваа победа.

Кари на овој меч успеа да израмни едно интересно постигнување на легендарниот Мајкл Џордан. Ова беше 44 натпревар на Кари на кој постигнува 40+ поени откако наполнил 30 години, па сега е ко-рекордер со Џордан во оваа категорија.

Ветеранот Џејмс Харден покажува дека уште е вистински предводник на својот тим. Овојпат, Харден блесна на гостувањето кај Далас и го предводеше ЛА клиперс до победа од 133:127 во меч кој имаше две продолженија. На крајот, Харден заврши со трипл-дабл и учинок од 41 поени, 13 скокови и 11 асистенции и на тој начин стана највозрасниот играч во историјата на НБА лигата што забележал трипл-дабл со 40+ поени. Досега тој рекорд го држеше легендарниот Лери Бирд со 35 години и 99 денови, а на Харден тоа му успеа со 36 години и 81 денови.

Резултати: Њујорк – Мајами 140:132, Орландо – Бруклин 105:98, Детроит – Фиалделфија 114:105, Хјустон – Портланд 140:116 , Милвоки – Шарлот 147:134 по продолжение, Минесота – Сакраменто 124:110, Њу Орлеанс – Лос Анџелес лејкерс 104:118, Далас – Лос Анџелес клиперс 127:133 по продолжение, Сан Антонио – Голден Стејт 108:109.

- Оглас -

Најнови вести