Џејмс Харден одново ги предводеше „ракетите“ до триумф против Јута џез, ноќеска Хјустон ја запиша втората победа со конечни 118:98. Брадата во претходниот меч „флертуваше“ со тројниот учинок, му недостасуваа два скока, но сега успеа да стигне до третиот трипл-дабл во разигрувањата, реализирајќи 32 поени, 10 асистенции и 13 скока.
„Џезерите“ ги загубија шансите да направат изненадување во Тексас. Веќе по првиот период се најдоа во негатива од 20 поени, така што Хјустон лесно дојде до 2-0 во оваа серија, која сега се сели во Јута.
Покрај Харден, за победата на Хјустон придонесе и Крис Пол со 17 поени, а Такер и Гордон завршија со по 16 поени. Кај поразените, по 17 поени реализираа О‘Нил и Рубио.
https://www.youtube.com/watch?v=DG19a_Dif3M
Без проблеми и Милвоки поведе со 2-0 во серијата против Детроит пистонс. Триото на Бакси, Адетокумбо-Бледсо-Мидлтон комбинираше 77 поени во победата од 120:99. Детроит го пружи максимумот ако се земе предвид дека настапуваат без најдобриот поединец од екипата Блејк Грифин, а сега ќе имаат две шанси на домашен терен да ги израмнат сметките.
Адетокумбо заврши со 26 поени и 12 скока, но Бледсо со еден поен повеќе се истакна како најефикасен од редовите на Бакс. Мидлтон додаде 24 поени, додека од составот на Детроит најрасположени за игра беа Кенард со 19 поени, Драмонд и Џексон додадоа по 18 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=jete-MxIHrY
Бостон преку пресврт во последните 12 минути дојде до водство од 2-0 во серијата против Индијана пејсерс. „Келтите“ во победата од 99:91 беа предводени од Кајри Ирвинг, кој заврши со високи 37 поени, а во својата статистика запиша и 7 асистенции и 6 скока.
Со почетокот на последниот период, Индијана испушти +12 поени предност, Бостон го доби периодот со 31-12, па сега без притисок ќе ја чекаат преселбата на серијата во Индијанаполис.
Покрај Ирвинг, за триумфот придонесе и Тејтум со 26 поени, Хејворд додаде 13 поени. Богдановиќ беше најефикасен од редовите на Индијана со 23 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=WNUE65GE8X4