Харден на два меча за Филаделфија даде три повеќе тројки од Симонс на 275 меча

Бен Симонс наскоро треба да дебитира во дресот на Бруклин нетс, а овој клуб нема да може да смета на многу погодени тројки од ова крило, кое го доведоа од Филаделфија во замена за бекот Џејмс Харден.

Статистиката е безмилосна и покажува дека Харден само на два меча како играч на 76-ките, погоди 8 тројки, што е за три повеќе од вкупниот број тројки кои ги даде Симонс за Сиксерс од 2017 година наваму.

Симонс за Филаделфија одигра 275 меча, а по бројот на тројки беше достигнат од Харден уште на дебито на Брадата за тој клуб во којшто замина како дел од размената со која Симонс им се придружи на Мрежичките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести