Харден немаше милост во првиот меч против својот поранешен клуб (Видео)

Дури 10 меча се одиграа ноќеска во НБА-лигата, а секако во фокусот беше враќањето на Џејмс Харден во Хјустон, но за првпат како играч на Бруклин нетс. Харден, кој осум години ги помина меѓу Ракетите, се чувствуваше како дома, па имаше шоу по кое на крајот се радуваа Мрежичките од Бруклин со 132:114.

Популарниот Брада мечот го заврши со трипл-дабл, а на неговото конто беа запишани 29 поени, 14 асистенции и 10 скока, со одличен шут од игра погодувајќи 10 од 15 шута. Кај Хјустон Вал беше најдобар со 36 поени, а Оладипо постигна 33 поени.

https://youtu.be/hKawklbztXg

Шампионот Лос Анџелес лејкерс го претрпе вториот пораз во низа, а вкупно седми во последните 10 меча откако загуби на гостувањето кај Сакраменто со 123:120. Лејкерси на овој меч играа без првата ѕвезда Леброн Џејмс, а во завршницата водеа со 120:119, но на крајот домаќините се радуваа.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска, постигнати се следните резултати: Кливленд – Индијана 111:114, Филаделфија – Јута 131:123 по продолжение, Торонто – Детроит 105:129, Минесота – Шарлот 102:135, Њу Орлеанс – Чикаго 124:128, Орландо – Атланта 112:115, Далас – Оклахома 87:78 и Портланд – Голден стејт 108:106.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести