Харден постави нови граници во НБА – даде 60 поени за 31 минута (Видео)

Џејмс Харден одигра уште еден историски меч во убедливата победа на Хјустон од 158:111 против Атланта во „Тојота центарот“. Ѕвездата на Хјустон беше незадржлив и даде 60 поени во само 31 минута поминати на теренот.

Ова беше четврти меч во кој Харден ја достигнува границата од 60 поени. Повеќе пати од него тоа им успеало само на Коби Брајант и Вилт Чемберлејн. Шутерот погоди 16 од 24 удари од поле, а имаше 8 од 14 за три поени. Неговите 24 шута се најмалку обиди во кои еден играч стигнал до 60 поени. Претходно тој рекорд го држеше Карл Мелоун кој за да стигне до 60 поени му требаа 26 шута (погодени 21).

Во останатите мечеви: Милвоки – Шарлот 137:96, Филаделфија – Индијана 119:116 и Сакраменто – Денвер 100:97 (по продолжение).

- Оглас -

Најнови вести