Хари Кејн: Ако ја освоиме Лигата на нациите, тоа ќе биде поголем успех од Мундијалот во Русија

Хари Кејн, капитенот на англиската репрезентација, мечтае да освои трофеј во дресот со националните бои. Кејн вели дека шанса за такво нешто има доколку Англија триумфира во дебитантското издание на Лигата на нациите. Колевката на фудбалот не може да се пофали со многу големи успеси на меѓународна сцена. Англија има една титула светски првак во 1966 година, а никогаш не била европски првак.

Минатата година Англија беше на чекор од финалето на Светското првенство, но Хрватска се испречи пред нив. „Коцкестите“ беа подобри од Англија во полуфиналето и Гордиот Албион остана без можност да се бори за златото на планетарниот собир. Англија е дел и од четирите најдобри селекции во Лигата на нациите и ќе се бори за тој трофеј.

„Да се освои трофеј со Англија, е работа која не се случува често. Ако имаме добро лето и успееме да ја освоиме титулата во Лигата на нациите, за мене тоа ќе биде добра година. Секако дека и 2018 година беше фантастична, но за мене многу поважно би било да освоиме трофеј, а оваа година имаме шанса за тоа. Ако го освоиме трофејот во Лигата на нациите, ќе го надминеме успехот од Мундијалот во Русија“, вели Кејн.

 

- Оглас -

Најнови вести