Хари Кејн игра одлична сезона во Баерн Минхен, впрочем како и целата екипа која се уште нема пораз. Англичанецот постигна 23 гола на 17-те натпревари за „баварците“, но и самиот не верува дека може да ја освои Златната топка доколку не исполни еден услов.
„Може да постигнам и 100 гола оваа сезона, но ако не ја освојам Лигата на шампионите или Светското првенство, веројатно нема да ја добијам Златната топка. Исто е и за Халанд и било кој друг играч. Треба да се освојуваат големи турнири за оваа награда.“ – вели Кејн.
Тој освен 23-те гола за Баерн Минхен, од почетокот на оваа сезона постигна и три гола за репрезентацијата на Англија.

