Хари Кејн е незадржлив во германската Бундеслига и го предводи Баерн Минхен да реди само победи. Англискиот голгетер кој има 32 години е на фудбалер кој го посакуваат многу клубови, но ретко кој може да си дозволи да го купи.
Секако дека едни од оние кои имаат доволно пари да го купат Кејн се екипите од Саудиска Арабија. Германскиот „Билд“ информира дека екипата на Ал Хилал е подготвен на Кејн да му плаќа по 100 милиони евра годишно и да потпише договор на три сезони.
:
Al-Hilal is willing to pay 300 million Euros to sign Harry Kane from Bayern .
{ BILD } pic.twitter.com/7PZ32ziRIn
— KinG £ (@xKGx__) October 4, 2025
Кејн се приклучи на Баерн од Тотенхем во летото 2023 година. Во тој период, напаѓачот одигра 106 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 103 гола и 29 асистенции.
Неговиот актуелен договор со баварскиот гигант е до летото 2027 година. Според порталот „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност моментално изнесува 75 милиони евра.