Баерн Минхен ја продолжува перфектната низа во првенството на Германија, откако попладнево со 4:1 славеше на гости кај Хофенхајм. Баварскиот гигант сега има максимални 12 бодови од четири кола, додека Хофенхајм остана на шест бодови.
Хари Кејн повторно беше најзаслужен за победата на Баерн. Англискиот репрезентативец погоди за 1:0 пред крајот на првото полувреме и тој погодок може да го видите ТУКА. Кејн беше прецизен и од пенал на стартот од второто полувреме за 2:0, ставајќи крај на надежите на Хофенхајм дека може да се спаси од пораз. Во 78 минута Кејн комплетираше хет-трик, а повторно беше прецизен од пенал. До крајот на мечот, Хофенхајм даде почесен погодок, но потоа погоди и Гнаби за 1:4.
По првите четири кола Кејн вкупно има осум голови (два хетика), постигнување кое никогаш претходно во историјата на Бундеслигата не успеало на никого во почетните четири кола.
Со три бода од гостински терен се враќаат и екипите на Мајнц и Фрајбург. Мајнц блесна на теренот на Аугсбург и славеше убедливо со 4:1, додека Фрајбург исто така беше сигурен и со 3:0 славеше на гости кај Вердер.
Честа на домашните екипи ова попладне ја спаси Хамбургер. Повратникот во Бундеслигата ги израдува своите навивачи откако со 2:1 славеше над Хајденхајм.