Каталонскиот гигант Барселона го има Хари Кејн како главна цел за трансфер, потврдува британскиот „Гардијан“. Според ексклузивните информации на весникот, англискиот напаѓач е прв избор за да го наследи Роберт Левандовски, кој налето ќе го напушти клубот по истекот на договорот.
Каталонците исто така планираат да го обезбедат и неговиот потенцијален наследник од Баерн Минхен една сезона пред истекот на неговиот договор. Според „Гардијан“, откупната клаузула на Кејн изнесува 65 милиони евра, а Барселона е подготвена да ја активира.
Кејн е пет години помлад од Левандовски и оваа сезона продолжува да доминира во дресот на Баерн, што го прави еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Сè уште не преговарал со Баерн за продолжување на договорот, а доколку Барселона официјално се заинтересира, можно е да пресуди неговата желба за заминување по три години во Германија.
Напаѓачот пристигна во Баерн Минхен летото 2023 година за 95 милиони евра и досега има одиграно 113 натпревари, постигнувајќи 108 голови и 29 асистенции.

