19.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Хари Кејн ги прекршил правилата на Бундеслигата уште на дебито за Баерн

Мегазасилувањето на Баерн Минхен, Хари Кејн, за време на мечот со Вердер Бремен, кога дебитираше во германската Бундеслига, (не) знаејќи ги прекрши правилата на лигата.

Според правилата во Германија, на фудбалерите за време на мечевите им е забрането да носат накит, а тука спаѓаат и венчалните бурми, дури и ако се бандажирани.

Кејн за Тотенхем постојано играше со бурмата околу која има бандаж, но во Англија ова е дозволено (гола бурма не смее, но бандажирана се толерира), во Германија не, и затоа станува збор за пропуст на судиите кои при проверката пред излегување на терен не забележале дека Англичанецот носи бурма на левата рака.

Инаку, Кејн откако ќе постигне гол, ја бакнува бурмата и головите ѝ ги посветува на неговата сопруга Кејти.

- Оглас -

Најнови вести