Хари Кејн, ѕвездата на Тотенхем и англиската фудбалска репрезентација, деновиве е на зимување во Финска и според тоа што го објавува по социјалните мрежи, убаво си поминува.
Кејн пред неделното дерби со Челзи одлучи своето тело да го подложи на екстремни промени на температурата, па облечен само по шорцеви, се фрли во снег. Во снегот остана неколку секунди, а потоа набрзина замина да се стопли во када со џакузи и топла вода.
Кејн ова го нарече нова техника на рехабилитација. Инаку, видеото е снимено во Рованиеми, најголемиот град во областа Лапонија, од каде што доаѓа и Дедо Мраз, а температурата на која Кејн седеше гол и се валкаше во снег била минус 7 степени.