Кејн редовно го „малтретира“ Евертон и израмни рекорд на Мајкл Овен

Со двата вчерашни голови против Евертон, англискиот напаѓач Хари Кејн изедначи премиерлигашки рекорд, кој досега го држеше Мајкл Овен. Кејн му се придружи на Овен како единствени фудбалери кои на четири натпревари по ред против истиот противник дале барем два гола.

Евертон е омилена жртва на Кејн, тој на четири дуели по ред против тој тим дава по два гола, па затоа од клубот од Ливерпул веројатно би биле среќни ако Кејн си замине во странство и во иднина веќе не игра против нив. Низа од четири меча по ред со по два гола против ист ривал имал само уште Овен во дресот на Ливерпул против Њукасл, во периодот од август 1998 до мај 2001 година.

Кејн сезонава на девет различни меча даде гол и со тоа го дели врвот со Мохамед Салах од Ливерпул. Има уште еден куриозитет врзан за вчерашниот меч од Премиер лигата. Последен пат кога еден меч завршил со резултат 6-2, а двете полувремиња завршиле со по 3-1, се случи во 2006 година, кога играа Арсенал и Блекбурн, а верувале или не, и тогаш беше 23-ти декември.

- Оглас -

Најнови вести