Хари Кејн ја доби Златната копачка за најдобар стрелец во Европа (Фото)

Напаѓачот на Баерн Минхен и англиската репрезентација, Хари Кејн, ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во европските фудбалски лига за минатата сезона.

Церемонијата се одржа во Минхен. Кејн минатата сезона во Бундеслигата постигна 36 голови на 32 меча, што беше доволно за наградата. И покрај тоа што три пати беше најдобар стрелец во Премиер лигата, Кејн никогаш претходно ја немаше освоено „Златната копачка“.

„Тоа е фантастично чувство. Наградата е за сите. Без вас немаше да стојам овде. Многу сум горд што ја добив оваа награда. Со нетрпение ја очекувам новата сезона. Чувствувам нова енергија“, вели Кејн кој има долга листа на индивидуални признанија, но во кариерата уште нема тимска титула.

- Оглас -

Најнови вести