15.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Хари Кејн ќе паузира до крајот на годината

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, поради повреда нема да игра до крајот на годината.

Најдобриот стрелец во германската Бундеслига се повреди на саботното дерби меѓу Борусија и Баерн, поради што ќе отсуствува неколку недели, изјави тренерот на баварскиот тим, Винсан Компани.

Кејн почувствувал болка во бутниот мускул, а лекарите на Баерн му соопштиле на Компани дека нема да може да смета на него до крајот на декември.

Кејн ќе го пропушти натпреварот од третото коло на германскиот Куп, во кој Баерн ќе биде домаќин на бранителот на трофејот, Баер Леверкузен, како и дуелите во Бундеслигата против Хајденхајм, Мајнц и Лајпциг. Дополнително, ќе изостане и од натпреварот во Лигата на шампионите против Шахтар.

- Оглас -

Најнови вести