Репрезентацијата на Англија имаше перфектен старт на квалификациите за Светското првенство и со победи над Албанија и Летонија на домашен терен има максимален ефект. Сепак, најдобриот англиски напаѓач и член на Баерн Минхен, Хари Кејн, не пропушти да го искритикува густиот распоред на натпревари на клупски и на репрезентативен план.
„Никој не ги слуша фудбалерите, да бидам искрен. Секој сака парче од колачот, секој сака турнир и награден фонд. Фудбалерите се тие кои треба да се навикнат на сето ова. Ситуацијата е таква каква што е. Сакам да играм фудбал и никогаш нема да се жалам. Обично имате шанса да се одморите ако правилно го користите времето. Постои начин за рекуперација. Тешко е затоа што секој натпревар е важен за клуб како Баерн и репрезентација како Англија“, рече Кејн.