Хари Кејн откри кој дефанзивец му е “ноќен кошмар“

Англискиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Хари Кејн, во моментов важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот. Сепак, и тој си свој “ноќен кошмар“ кога станува збор за дефанзивците против кои му било најтешко да игра.

Кејн за дефанзивец број еден го издвои Џон Тери, но тој е веќе пензиониран, па беше запрашан од актуелните играчи против кого му било најтешко да игра. Одоговорот на англичанецот беше дека тоа е Џорџо Кјелини, италијанецот кој во моментов настапува во МЛС лигата, за екипата на Лос Анџелес.

– “На почетокот од мојата кариера морав да се соочам со Џон Тери, беше навистина интелигентен и паметен, еден од најдобрите на својата позиција. Тука е и Џорџо Кјелини, со него се соочив неколкупати, не само со италијанската репрезентација, туку и со Тотенхем.“ – рече Хари Кејн.

- Оглас -

Најнови вести