Хари Кејн повторно е херој на Баерн, овојпат потегот на мечот беше од пенал (Видео)

Баерн Минхен победнички ќе си замине од гостувањето во Менхенгладбах, откако минимално со 1:0 славеше над Борусија, во дербито на 16 коло од Бундеслигата. Со оваа победа Баерн стигна до 39 бодови и останува лидер на табелата со четири бодови повеќе од главниот ривал Баер Леверкузен.

Баварскиот гигант доминираше и напаѓаше во најголем дел од мечот. Гостите упатија дури 22 шута кон голот на Борусија од кои десет беа во рамките на голот, но на крајот само еден потег беше решавачки.

Клучниот момент се случи во 66 минута кога беше направен пенал. Одговорноста ја презема Хари Кејн, а англискиот репрезентативец уште еднаш покажа дека е прецизен кога е најпотребно. Погоди од белата точка, што на крајот се покажа доволно за победа и три бода на Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести