Хари Кејн дојде до својот втор трофеј во кариерата, откако со Баерн Минхен славеше во германскиот Супер куп со 2-1 против Штутгарт на гости. Се чини дека на овој меч е скршен малерот, бидејќи Англичанецот за првпат беше директен учесник во освојувањето на еден трофеј.
Минатата сезона, на натпреварот на кој Баерн Минхен и теоретски ја освои Бундеслигата, Кејн не беше дел од составот.
„Сакавме да ја започнеме сезоната со добар приспат и победа – и тоа го направивме. Летните подготовки беа кратки, но добро работевме. Ми се допадна овој натпревар. Сакав да постигнат уште некој гол, но најважно е дека го освоивме трофејот.“ – коментираше Англичанецот после мечот против Штутгарт.