Хари Кејн се повреди против Борусија: Компани открива каква е состојбата со најдобриот стрелец

Баерн Минхен се спаси од пораз на гостувањето кај Борусија Дортмунд и со голот на Мусијала во 85-тата минута се избори за реми, 1-1. Сепак, резултатот не е најголемиот проблем за Винсент Компани, бидејќи во 33-тата минута од игра излезе најдобриот стрелец на екипата, но и воопшто во Бундес лигата, Хари Кејн.

Англискиот репрезенаттивец се повреди и во моментов се чекаат резултатите од испитувањата за каква повреда се работи, а „баварците“ веќе во вторник играат против Баер Леверкузен во Купот на Германија.

„Хари рече дека повредата не е сериозна. Се надеваме. Ќе направиме тестови и ќе видиме што ќе биде.“ – кусо коментираше Компани после мечот со Борусија Дортмунд.

Хари Кејн оваа сезона постигна 20 гола на 19 меча за Баер Минхен, а од пристигнувањето во Баварија има ефект од 64 гола на 63 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести