Хари Кејн се здобил со две повреди на последните два меча на Баерн

Хари Кејн ќе пропушти неколку дена тренинзи поради полесна повреда на потколеницата, објави Баерн Минхен. Англискиот напаѓач ја заработи повредата на натпреварот против Селтик во Лигата на шампионите (1-1), што довело до внатрешно крварење.

„Не сум сигурен дали ќе можам да играм против Ајнтрахт Франкфурт во недела“, изјави Кејн по пласманот на Баерн во осминафиналето со вкупен резултат 3-2. Тој додаде дека заработил и полесна повреда на вилицата при судир за време на ремито со Баер Леверкузен минатиот викенд.

Баерн Минхен е лидер во Бундеслигата со осум бода предност пред второпласираниот Баер Леверкузен. Кејн оваа сезона одигра 31 натпревар за баварскиот клуб, постигна 29 гола и асистираше за десет погодоци.

- Оглас -

Најнови вести