Хари Кејн со два гола донесе победа за Баерн и го остави својот тим во трка за титулата

Баерн Минхен со 2:1 го победи Лајпциг во дербито на 23 коло во германската Бундеслига. Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а херој на домаќините е Хари Кејн.

Англискиот репрезентативец донесе водство за Баерн со голот во 56 минута и тој погодок може да го видите ТУКА.

Лајпциг не се предаде и преку Шешко во 70 минута стигна до 1:1, што се чинеше дека ќе биде конечен резултат, но Кејн не мислеше така. Се играше 90+1 минута кога Кејн по втор пат погоди и донесе голема радост и победа за актуелниот германски првак. За Кејн ова е 27-ми погодок сезонава во Бундеслигата и Баерн се врати на минус осум во однос на лидерот Баер Леверкузен.

За Баерн Минхен ова беше јубилеен 1.000 меч одигран на домашен терен во Бундеслигата. Најтрофејниот германски клуб е прв со вакво постигнување во германското првенство.

Кај Лајпциг во 88 минута на теренот се појави Елиф Елмас, кој упати и еден удар кон голот на домаќините, но не успеа да го совлада Нојер.

- Оглас -

Најнови вести