Хари Кејн со хет-трик донесе нови три бода за Баерн Минхен (Видео)

Баерн Минхен славеше на својата „Алијанц Арена“ во дуелот против Аугсбург и тоа со 3:0. Германскиот гигант дури во последните 30 минути го скрши отпорот на гостите, а херој е Хари Кејн.

Капитенот на англиската репрезентација ги постигна сите три гола за Баерн, од кои два беа од пенал. Најпрво во 61 минута беше досуден удар од белата точка за домаќините, а Кејн биеше перфектно за водство од 1:0.

Се играше судиското надополнување кога во 90+3 минута повторно беше досуден пенал за Баерн, а Кејн повторно погоди за 2:0. Се очекуваше крај на средбата, но Кејн беше решен да даде хет-трик и тоа му успеа со погодокот во 90+5 минута.

- Оглас -

Најнови вести