18.8 C
Skopje
сабота, 27 септември 2025

Хари Кејн во дресот на Баерн стана најбрзиот играч кој стигнал до „стотка“ (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен лесно го победија Вердер Бремен со 4-0 на „Алијанц Арена“ во првиот натпревар од петтото коло на Бундеслигата. Двојниот стрелец Хари Кејн ја одбележа вечерта, откако стана најбрзиот играч во историјата на клубот кој постигнал 100 гола во дресот на Баерн.

Кејн ги постигна головите во 45-та и 65-та минута, надминувајќи ги рекордите на Кристијано Роналдо, Ерлинг Халанд, Луис Суарез и Златан Ибрахимовиќ во своите клубови.

Домаќинот поведе во 22-та минута со гол на Луис Дијаз по асистенција на Мајкл Олисе. По центаршутот на Дијаз, Олисе со колено ја затресе мрежата, откако претходно петицата на Дијаз ја насочи кон голот.

Во 44-та минута Кејн изнуди пенал, а минута подоцна го реализираше за 2-0.

Во второто полувреме, Баерн продолжи со нападите, а Кејн во 65-та минута го постигна својот втор гол за вечерта и го прослави 100-от гол во дресот на Баерн.
Победата ја заокружи Конрад Лајмер во 88-та минута.

- Оглас -

Најнови вести