Хари Мегваер не се спаси: Доби затворска казна во Грција

Англискиот репрезентативец и член на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер е прогласен за виновен од судот во Грција, поради тепачка која се случила во 2020 година во познатото летувалиште на островот Миконос. Цели шест години траеше правната битка на Мегваер за овој случај, но на крајот судот во Грција го прогласи Мегваер за виновен поради напад во тепачка и давање мито по инцидентот со полицијата на Миконос.

Мегваер не беше присутен на судењето, а на крајот доби само намалување на условната затворска казна од 21 месец на 15 месеци и 20 дена. Покрај оваа условна затворска казна, Мегваер треба да плати и 1.500 евра парична казна.

За потсетување, тоа лето во 2020 година две групи на англиски туристи се степале пред бар на Миконос, а кога требало да реагира полицијата, три лица најпрво вербално, а потоа и физички се конфронтирале со чуварите на мирот и редот. Меѓу тие кои биле највоинствени бил и Мегваер, кој потоа дури и се обидел да ги подмити полицајците. На крајот сите биле уапсени и однесени во полуциска станица, а сега е јасна и пресудата за тој неред.

- Оглас -

Најнови вести