Хари Мегваер, дефанзивецот на Манчестер јунајтед, ја продолжи соработката со клубот за уште една сезона, со што неговиот нов договор ќе трае до јуни 2027 година. Претходниот договор му истекуваше на крајот од оваа сезона, но двете страни решија да останат поврзани со уште една дополнителна година.
Мегваер пристигна од Лестер сити во 2019 година и досега има одиграно 266 натпревари за Црвените ѓаволи.
„Да се биде играч на Манчестер јунајтед е чест и голема одговорност, нешто што ме исполнува со гордост мене и моето семејство секој ден. Возбуден сум што продолжувам да бидам дел од овој неверојатен клуб и што повторно ќе играм пред страсни навивачи, создавајќи нови незаборавни моменти“, изјави Мегваер.
Harry commits 🇾🇪🗣️
— Manchester United (@ManUtd) April 7, 2026

