Хари Мегваер, централниот дефанзивец на Манчестер јунајтед и англиската репрезентација, рече дека играч со којшто имал најмногу проблеми да го запре бил Нејмар.
Мегваер играл против Нејмар во Лигата на шампионите на дуели против Пари Сен Жермен, како и на пријателскиот меч Англија – Бразил на „Вембли“.
Иако Мегваер се соочувал со ривали како Кејн, Агуеро, Салах, Азар, Халанд, сепак изборот му падна на Нејмар.
Од друга страна, Мегваер го издвои Кристијано Роналдо како најдобар соиграч со којшто има играно, иако не беа заедно предолго време.