28.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Хартс е фаворит во дербито на првото коло во Шкотска

2832 ХЈК – Интер Турку (18.00 часот)

Ова е дерби на финската лига, Интер Турку е лидер и тим кој во досегашните 17 кола нема пораз, а тимот од Хелсинки е четврти и има серија од три победи по ред. ХЈК е најефикасен тим во лигата, има дадено три гола повеќе од Интер. Тоа е тим кој ретко игра нерешено, само две ремија сезонава, а Интер дури седум пати одигра без победник. Во мај во Турку, беше 1-1, а последниот нивен дуел во Хелсинки заврши со 1-0 за ХЈК.

Предлог тип: Х2 & 2+ (1.85)

 

5645 Уганда – Алжир (19.00 часот)

Алжир е еден од фаворитите на шампионатот на африканските нации и би требало со победа да почне натпреварувањето кое се одржува на секои две години. Ова е меч од првото коло во групата Ц и не се знае со каков состав и во каква форма се тимовите, па изненадувањата се можни. Овој меч се игра во Уганда, а Уганда дома има серија од шест меча по ред со 0-2 гола. Алжир лани гостуваше во Кампала и победи со 2-1 во меч од квалификациите за СП.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)

 

2606 Гетеборг – Дегерфорс (19.00)

Гетеборг е поблиску до победата, не затоа што игра којзнае колку добро, туку Дегерфорс е во очајна форма и тим со најмногу примени голови во шведската лига. Гетеборг е тим кој има само еден нерешен резултат во досегашните 17 настапи, во последните шест кола постојано игра во ритамот пораз-победа, загубија минатото коло, сега на ред е победа. Дегерфорс минатото коло одигра нерешено и ја запре низата од дури седум порази по ред. Во претходните пет кола, Дегерфорс постигна само еден гол.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.21)

 

3145 Вараждин – Горица (20.00 часот)

За двата тима пва е прв официјален меч сезонава и ќе имаат мотиви да се покажат во добро светло. Вараждин е фаворит, а во последната контрола пред пет дена загуби од португалска Санта Клара со 0-2, но една недела пред тоа го победи истиот ривал со 2-1. И Горица не се прослави на последниот пријателски меч, загуби 1-3 и тоа од Триглав. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели им завршуваа нерешено со 0-2 гола.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.25)

 

1246 Хартс – Абердин (21.00 часот)

Ждрепката сакаше во првото коло на шкотската Премиер лига еден против друг силите да си ги одмерат можеби двата најголеми клубови во таа земја ако не се сметаат гигантите Селтик и Ренџерс. Тимот од Единбург е фаворит, но не може да се каже дека кецот е сигурен. Срцата блескаа летово, ги добија сите мечеви во Лига купот и пријателските и тоа последните три беа убедливи со три или повеќе голови разлика. Абердин одигра само два меча во јули, на вториот загуби од Ипсвич со 1-3. Последните три меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа нерешено.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.65)

- Оглас -

Најнови вести