33.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Харви Елиот ја однесе Англија во финале на младинското ЕП (Видео)

Англија е прв финалист на Еврпското првенство за фудбалери до 21 година кое се одржува во Словачка, откако со 2-1 ја совлада Холандија со два гола на Харви Елиот.

Фудбалерот на Ливерпул постигна мајсторски победнички гол во 86-та минута. Му беше оставен многу слободен простор, се прошета низ одбранбената линија на Лалињата и со левата нога упати силен и прецизен шут по кој топката заврши во мрежата.

Во финалето кое ќе се игра во Братислава, Англија ќе се сретне со Германија или Франција кои играат вечерва. Инаку Англија беше европски првак во оваа возрасна категорија и на претходното ЕП, одржано пред две години.

Ова е голот на Елиот кој ја однесе Англија во финалето:

 

- Оглас -

Најнови вести