Мик Шумахер остана без Ф1 тим, објавено кој е новиот пилот на Хас за 2023

Формула 1 тимот Хас објави дека ја прекинува соработката со германскиот пилот Мик Шумахер и во 2023 година на местото на Шумахер, за нивниот тим ќе вози Нико Хилкенберг.

Шумахер за американскиот Формула 1 тим потпиша во декември 2020 година, откако стана шампион во Формула 2 шампионатот таа година. Шумахер в недела (20 ноември) во Абу Даби за последен пат ќе го вози болидот на Хас.

„Не кријам дека сум многу разочаран од одлуката да не ми биде продолжен договорот. Во Абу Даби ќе ми биде последната трка за Хас. Им благодарам на Хас и Ферари што ми ја дадоа оваа шанса, ми помогнаа да созреам и технички и лично. Убеден сум дека за мене има место во Формула 1. Мојот оган гори во Формула 1 и ќе се борам за да се вратам во овој спорт. Вакви падови може само да ме направат посилен“, порача синот на седумкратниот првак.

Хас одбра еден друг Германец на местото на Мик, тоа е Хилкенберг, кој три години беше резервен пилот во Рејсинг поинт и Астон Мартин. Хилкенберг во Ф1 кариерата има извозено 181 трка.

- Оглас -

Најнови вести