Хасани официјално е нов член на Партизани

Повремениот македонски репрезентативец Ферхан Хасани денес беше промовиран како нов член на албанскиот прволигаш Партизани Тирана.

Хасани потпиша договор до јуни 2022 година со екипата од Тирана, каде што во следните 18 месеци ќе игра со сонародниот Егзон Белица, но и поранешниот соиграч од Шкендија, Стенио Жуниор.

Партизани е шести клуб за Хасани во кариерата, која му започна во Шкендија, а ги бранеше боите уште за: Волфсбург, Брондби, Ал-Раед и ХЈК Хелсинки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести