Двајт Хауард пристигна на Тајван и е нов член на Тајван леопардс, клуб кој експресно продаде 60 илјади билети за првите четири меча што ќе ги игра поранешниот НБА шампион и прв пик на НБА драфотот во 2004 година.
Дочекот на Хауард беше спектакуларен, а продажбата на билетите заврши за 10 минути и се за дуелите што Леопардс ќе ги играат во ноември и декември на домашен терен.
https://twitter.com/TheNBACentral/status/1591251498427875330?s=20&t=fBNNOh2GyqYxmgMxTcbRuw
Ветеранот кој веќе има 36 години и на 8. декември ќе полни и 37 не доби продолжување на договорот со Лос Анџелес лејкерс и одлучи да ја прифати понудата да игра кошарка во Тајван.
Во 2004 година беше избран од Орландо меџик како прв пик на драфтот во НБА, а има и една титула со Лос Анџелес лејкерс од пред две години.
Осум пати играше на Ол-стар натпреварите, дури пет пати беше член на најдобрата петорка во сезоната, трипати беше избран за најдобар дефанзивец во НБА, а еднаш победи и во забивање на Ол-стар викендот, што се само дел од признанијата и индивидуалните награди што ги има во НБА колекцијата.