Хауард Веб призна дека му помогнал на Манчестер јунајтед

Хауард Веб повеќе од 10 години помина како главен судија во Англија, но и на европските натпреварувања. Полицаецот по професија беше еден од најпознатите арбитри во Премиер лигата, но поради една своја одлука стана и еден од најомразените од навивачите на Ливерпул. Зошто фановите на Ливерпул не го сакаа Веб?

Во сезоната 2008/09 Манчестер јунајтед и Ливерпул водеа трка за титулата во Премиер лигата. На крајот Манчестер стана првак со четири бода пред вечниот ривал. Сепак, останува фактот дека Црвените ѓаволи до клучни три бода стигнаа во еден контроверзен дуел против Тотенхем.

Гостите од Лондон водеа со 2:0 на „Олд Трафорд“, кога Веб досуди пенал за Манчестер на почетокот на второто полувреме. Мајкл Карик влезе во шеснаесетникот, а голманот на Тотенхем, Еурелио Гомес, успеа да стигне до топката пред противникот.

Веб тоа не го забележа и процени дека Гомес направил прекршок над Керик и досуди пенал, на чудење на гостите.

„Во неколку секунди почувствував дека сум згрешил и дека сум донел погрешна одлука. Воопшто не е пријатно чувството кога знаеш дека си згрешил со некоја одлука. Дури се надевав дека Роналдо ќе го утне пеналот“, открива Веб.

Роналдо не утна, а тој гол беше најава за голем пресврт. На крајот Манчестер јунајтед победи со 5:2, триумф кој во клучниот дел од сезоната можеби беше и клучен за на крајот титулата да заврши во витрините на „Олд Трафорд“, а Ливерпул да извиси поради таа лоша одлука на судијата Веб.

- Оглас -

Најнови вести