Хаверц е најкорисен европски напаѓач во 2020 година, а во Леверкузен се загрижени за него

Каи Хаверц со синоќешниот гол со кој му донесе победа на Баер Леверкузен од 1-0 на гостувањето кај Фрајбург, испиша историја на Бундеслигата, бидејќи стана првиот 20-годишен играч кој постигнал 35 гола во својата бундеслигашка кариера. Во германското првенство играле сите најдобри германски фудбалери низ историјата, а листата е завидна, но на никој досега не му успеало да даде 35 гола пред 21-виот роденден.

Освен тоа, Хаверц со 9 гола и четири асистенции, е најкорисниот напаѓач во Топ 5 лигите во Европа во календарската 2020 година. Ниту Меси, Роналдо, ниту било кој друг не може да се пофали со ваква статистика годинава. Инаку, Хаверц во дресот на Баер има дадено вкупно 35 гола, со што се изедначи со клупската легенда Бернд Шнајдер.

Сепак, во Баер малку се загрижени. Не дека најверојатно ќе треба да го продадат својот бисер, за кој сигурно ќе добијат многу понуди, туку поради крвавото десно колено. Хаверц синоќа не можеше да го доигра мечот, и поради болки во 66-та минута беше повлечен од игра.

 

- Оглас -

Најнови вести