Хаверц го направи клучниот потег за да може Челзи и Баер Леверкузен да се договорат

Германскиот репрезентативец Кај Хаверц едноставно сакаше нов предизвик. Играчот кој го покажа целиот талент во дресот на Баер Леверкузен летово направи трансфер во Челзи, и тоа за сума од 80 милиони евра. Со тоа, тој е најскапиот фудбалер ова лето на трансфер-пазарот.

Баер бараше 100 милиони евра за Хаверц, а Челзи не сакаше да даде повеќе од 80 милиони евра. Неколку дена траеше ценкањето меѓу двата клуба, па можеше и да дојде до пропаѓање на трансферот, но тогаш се вмеша и самиот играч.

Хаверц преку својот менаџер најави дека ќе се откаже од неговиот процент кој му следува при трансферот, само да има договор на двата клуба. Ако се знае дека најчесто тој процент е околу 10 отсто од трансферот, значи дека Хаверц се откажа од осум милиони евра само за да дојде во Челзи.

На тој начин Баер Леверкузен има чисти 80 милиони евра во својата каса, Челзи го има посакуваниот играч, а Хаверц остана без осум милиони евра. Сепак, овие пропуштени пари играчот брзо ги заборави затоа што неговиот договор со Челзи е на пет години и во овој период треба да заработи 100 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести