Шпанскиот фудбалер Хави Мартинес, кој долги години игра фудбал и соблекувална делел со многу колеги, го издвои Португалецот Ренато Санчес како „најнадарен“ од сите кои ги видел.
Баскиецот, кој со Баерн Минхен освои девет титули во Бундеслигата и една во ЛШ, пред десет години беше најскапо засилување во историјата на Баварците, а летоска замина во Катар.
Мартинес гостуваше во емисија кај познатиот јутјубер Мостопапи и тој сакаше да дознае пикантерии од соблекувалната на Баерн, па го праша фудбалерот кој играч на Баерн имал најголем пенис.
„Ако веќе мора да издвојам некој по тој критериум, тогаш е Ренато Санчес, кој сега игра во Лил. Тоа што тој го има е чудесно, треба да биде изложено во музеј. Не знам дали има девојка, но ако има, ја жалам“, раскажа Хави.