Хазенхитл нарача пиво за навивачите, ќе се слави ако Саутемптон го победи Арсенал

Ралф Хазенхитл има интересна теорија, го нарекуваат Јирген Клоп од Алпите, а веќе нарача пиво за навивачите на Саутемптон со сезонски билети за денешниот меч против Арсенал.

„Јас сум човек што ги повикува сите да веслаат со нас на бродот. Никогаш не се знае, можеби ќе успееме да победиме после долг период на Сент Мерис“, изјави Австриецот.

Саутемптон нема победа на свој терен од април годинава, што е долг пост, кој трае од ланската сезона, а мисијата и денеска ќе им биде тешка, бидејќи на гости им доаѓаат разиграните „топчии“ од Лондон.

Хазенхитл по вторпат ќе биде на клупата на Саутемптон, откако на дебито како нов тренер на „светците“ загуби од Кардиф на гостински терен со 0:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести