Хејтинга ќе го преземе кормилото на Ајакс

Ајакс и Џон Хејтинга постигнаа договор, поранешниот асистент на Арне Слот во Ливерпул ќе стане нов тренер на славниот амстердамски клуб. Договорот треба да биде потпишан на две години.

На почетокот од оваа недела, Ливерпул му даде дозвола на Хејтинга да отпатува во Холандија, каде успешно ги заврши преговорите со својот поранешен клуб.

Хејтинга е дете на Ајакс, каде играше до 2008 година, а во сезоната 2014/15 се врати на „Јохан Кројф Арена“ за да ја заврши својата играчка кариера. Потоа, започна со тренерска работа во младинските категории на клубот, а во втората половина од сезоната 2022/23 го водеше првиот тим.

Минатава сезона беше дел од стручниот штаб на Арне Слот во Ливерпул, но сега повторно ќе го преземе кормилото на Ајакс, откако Франческо Фариоли сам побара да си замине по само една сезона на клупата.

- Оглас -

Најнови вести